Најпрво во суво тенџерче се потпекува сусамот.

Се кини локумот и со вода колку ракиено чаше во друго тенџере се вари околу 5 минути на умерена температура додека локумот се стопи.

Потоа се трга од рингла и се додава маргаринот. Се меша додека се стопи.
Па се додава сусамот, мелените ореви и мелените бисквити.
Бисквитите се додаваат постепено. Понекогаш е потребно помалку или повеќе, а тоа зависи од тоа колку е пресен локумот.

Смесата се развлекува на работната површина претходно посипана со шеќер во прав со дебелина од барем 1 см и со калапче срце се вадат форми кои потоа се пресекуваат на половина.

Секое парче се мака во стопеното чоколадо и се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови