Најпрво ја подготвуваме смесата за премачкување на корите.
1. Јајцата ги матиме со солта со миксер за матење, па ги додаваме водата, јогуртот и маслото. Додаваме и пециво.
2. Плехот во кој ќе ги печеме корите го обложуваме со хартија за печење. Редиме една кора, па ја премачкуваме со смесата. Ја повторуваме истата постапка додека не се потрошат корите и смесата, а на последната кора, премачкуваме со смесата и посипуваме со сусам.
3. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 10-15 минути.
4. Одкако ќе биде печен ролатот, го завиткуваме во влажна крпа и го замотуваме во форма на ролат, сусамот да дојде од горната страна.

Подготовка на филот.
1. Кикиритките ги лупиме, ги сецкаме и може уште малку да се потпечат (доколку ги потпекувате, почекајте да се изладат) па ги соединуваме со другите состојки. Користиме солени печени кикирики.
2. Ја премачкуваме кората и ја виткаме во ролат.
3. Почекајте малку да се стегне, па потоа сечете парчиња.

Забелешка - јас не сакам ролатот да ми биде многу дебел, затоа користам половина пакување кори. Доколку сакате подебел ролат, дуплирајте ги сите состојки за премачкување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови