Многу убав предлог за појадок
Лебчето ќе го издробите на ситно. Додадете го јогуртот и оставете малку да омекне, од прилика 10 минути.
Колбасот сечете го на тркалца, печурките ситно, морковот обарете го малку и него исечете го ситно. Можете малку да го изрендате.
Јајцата изматете ги,  додадете сол, сув зеленчук и истурете во лебот. Колбасите и печурките исто ставете ги во лебот и се убаво промешајте. Додадете 1 лажица пециво и сечен магдонос.
Кругловот премачкајте го со маргарин, посипете малку брашно и истурете ја смесата.
Печете во загреана рерна околу 30-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови