Ова е мој прв рецепт во Новата година и затоа сакам да ви ја честитам истата на сите - тимот на Мои Рецепти, членките на сајтов и Вам на читателите!
Среќни Божиќни и сите престојни працници на сите кои ги слават!

Кората се спрема стандардно. Се пече во намрсен и побрашнет плех-32 на 39 цм., околу 12-13 мин. на 180 степени или според вашата рерна.
Ладна се сечи на две попречно.

За филот се мешаат сите состојки со лажица, најпрво мајонезот, киселата павлака и крем сирењето убаво се соединува, а потоа се додаваат останатите наведени состојки и се‘ убаво се изедначува.

Се филова едната половина, се става другата половина. Се филова. Се завиткува со фолија убаво и во фрижидер преку ноќ, да се впие убаво филот во кората и да се стегни за полесно сечење.

Другиот ден се сечи и се посипува со рендан кашкавал.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани