Користена е чаша од 240 мл.
Во еден сад ги соединуваме морковот, фета сирењето, магдоносот, шампињоните, тиквето.
Во вангличка ги ставаме јајцата и солта и матиме се додека не побелат.
Го исклучуваме миксерот, па ги додаваме јогуртот и маслото.
Лесно промешуваме.
Сега ги додаваме состојките од садот, промешуваме и ги додаваме пецивото, содата, двата вида на брашно.
Убаво ја изедначуваме смесата и ја истураме во набрашнета правоаголна тава.
Израмнуваме и посипуваме сусам.
Печиме околу 30-35 минути на 200 степени.
Оставаме малку да се излади, па сечеме штангли и послужуваме со јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани