Брзи солени тригони. Филот може по ваша желба.

Секоја кора ја попрскуваме со малку масло. Ја диплиме по должина на половина. Повторно попрскуваме. Ја диплиме уште еднаш. Добиваме тесна лента, која ја премачкуваме убаво со смесата од јајца и млеко. Јајцата ги разматуваме со вилушка и додаваме млеко. 
На едниот крај се става од филот и се витка триаголниче. Појасно се воочува од дополнителните фотографии.
Се редат во намрсен плех. Одозгора се попрскуваат пак со масло. Се премачкуваат со остатокот од смесата со јајце и се наросуваат со сусам.
Се печат на 200 степени во загреана рерна, додека поруменат.
Се завиткуваат со памучна крпа и најлон, за побрзо да омекнат.
Излегуваат 17 тригони, толку кори имаше во пакувањето.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани