Овие триаголници ги правев за гости, многу им се допаднаа, сега да ги споделам и со вас.
Готовите кори пресечете ги на ленти.
Во урдата изрендајте ја шунката или ситно исечете ја, краставичките исечете ги ситно, посолете ако има потреба (зависи до урдата). Додадете сув магдонос, сув зеленчук, кромидот исечете го ситно, додадете во урдата и се' убаво промешајте.
На лентите ставете од урдата и завиткајте триаголници.
Триаголниците редете ги на тавче, попрскајте со зејтин и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени, 20ина минути, да поруменат.
Многу убави и вкусни пробајте, добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани