Брза и лесна подготовка на ова превкусно предјадење. )))

Секоја палачинка се премачкува со кисела павлака.
Се става парче кашкавал и наросува оригано.
На ред се две парчиња од филето.
Потоа се завиткуваат страните малку кон внатре и убаво се ролува палачинката.
(Од дополнителните фотографии полесно се воочува начинот на подготовката.)
Се редат во огноотпорен сад кој малку е намрсен со масло.
Одозгора се полеваат со павлаката во која претходно додаваме малку мелен црн пипер и морско оревче, убаво целосно да се покријат и да навлези внатре низ нив.
Се наросуваат со памезан.
Се потпекуваат додека благо поруменат, околу 15 мин. на 200 степени во претходно загреана рерна.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани