Мене многу ми се допаѓаат солени јадења со тиква, па еве еден предлог за посен оброк.
Подготовка на палачинките
Во сад ставете ги сите состојки за палачинки и изматете ги со миксер да се изедначи смесата и да нема грутчиња.
Од смесата на загреана тава испечите палачинки.
Оставете ги на страна и подгответе го филот.

Во тава со маслото на кратко пропржете го кромидот исецкан на ситно колку да замириса. Потоа додајте ја тиквата и водата и пржете ја малку да омекне. Додајте сол и црн пипер по вкус, измешајте и трнете на страна да лади.
Бидејќи тавата за палачинки ми беше бр. 26 таква тава користев и за печечење на палачинките бр 26.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени.
Тавата за печење намачкајте ја со масло.
Ставите една палачинка, попрскајте ја со 1-2 лажици масло и распоредете 2-3 лажици од тиквата. Повторно ставите палачинка, порскајте со масло па тиква и се така по ред додека се потрошат така што последната да биде само палачинка попрскана со масло.
Кога се готови исечете ги и ставете ги да се печат околу 35-40 мин.
Печени, покријте ги и оставете ги малку да оладат и послужете ги.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани