Блитвата се обарува и се сецка на мали парчиња.
Јајцата се матат, се додава солта и прашокот за пециво и продолжуваат да се матат. Потоа се додава и брашното, блитвата, киселата вода, маслото, урдата и сусам малку. Сето ова се мати со лажица повторно.

Со путер ги премачкуваме калапите, се полнат со смесата и им ставаме сусам. Се ставаат да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 30тина минути.

Може да се комбинираат мафините со кисело млеко, јогурт, сувомеснато... Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови