Брза и кревка пита, одлична за појадок со чаша јогурт.
Прво тиквето го лупиме, па го рендаме на крупната страна,
Го посолуваме и го оставаме во цедалка.
Морковот и него го рендаме.
Во нутрибулет ги мелиме семките од тиква заедно со овесните снегулки.
Во еден сад ги ставаме јајцата, солта и матиме до побелување.
Ги додаваме маслото и млекото.
Постепено со лесни движења ги додаваме брашното, пецивото, мелените семки и овесни снегулки, палентата, морковот, магдоносот, урдата.
Убаво соединуваме.
Тиквето го цедиме со раце и него го додаваме во садот.
Изедначуваме.
Ќе добиеме тесто кое е погусто од она за палачинки.
Смесата ја истураме во мала ростер тава, посипуваме чурек и печиме во загреана релна околу 35-40 минути на 200 с.
Оставаме да се излади, па сечеме на коцки и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани