1. Разматете тесто за палачинки и ако е прегусто по потреба додајте уште малку вода или ако е ретко уште малку брашно.
2. Испечете ги палачинките и оставете да се изладат.
3. Сега почнуваме со редењето на палачинките. Се става првата палачинка и се премачкува со павлака, над тоа се реди втората палачинка и се става кашкавал, потоа третата палачинка и се реди салама......така до крајот. Одат 10 палачинки.
На последната се премачкува со павлака и се сечат палачинките на 16 дела. Одозгора се става рендано варено јајце и маслинки за декорација.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани