Прекрасен....
- Водата и шеќерот ставете ги да се вари околу 20 мин., а за тоа време испасирајте ги јагодите.
- По 20 мин. додадете ги пасираните јагоди и нека продолжи се тоа заедно да се вари околу 30 мин.
- Тргнете од огнот и така додека е врело и веднаш низ преса процедете, вратете на огнот да се сеуште вари. Откако поминале 20 мин. варење додадете ги сега сокот од лимонот и лимонтусот, продолжете да варите уште додатни 20 мин. а за тоа време отпенувајте го.
- Тргнете од огнот и добиениот сок додека е врел сипете во флашите и затворете.
Толку.
Напомена
Сокот е превкусен. Се добива 3 л. сок. Можете да го растварате со вода, на мене ми е многу вкусен - баш безобразно повеќе ставам сок и дополнувам со лед. Кој си има свои јагоди сигурно ќе направи повеке и да не се плаши. Може да стои година дена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани