Иако како свежа трлинката е кисела овој сок е многу вкусен и здрав да се пие.
Рецептот е едноставен и економичен и може да се направи од свежи или замрзнати трлинки.
Трлинките убаво измијте ги, додадете водата да бид 3 прста над трлинките и ставете да вријат. Откога ќе омекнат се трга на страна лонецот и се цеди.
Трлинките ставете ги во преса за сок или во бленедер и убаво измиксајте. Добиената смеса ставете ја во лонец додете 2.5 л вода и шеќерот и ставете да врие 10 мин откога ќе почне да врие.
Сокот соберете го во стерилизирани шишиња и замоткајте ги во ќебе. Откога ќе се изладат чувајте ги во фрижидер на одржување или во ладна просторија.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови