Хит на интернетот, хит и во мојата кујна. Одлична комбинација на состојки, предизвик за проба...
Стандардно, квасецот растворете го во млакото млеко, додајте го шеќерот и малку брашно и оставете го да скисни.
Потоа додајте го маслото, јајцата, солта и постепено брашното, месејќи. Тестото е убаво, лесно за работа, мазно, меко.
Покријте го и оставете го најмалку еден час да се дуплира.
Поделете го на топчиња, со големина отприлика како топче за тенис. Сите топчиња премачкајте ги со масло и оставете ги да се одморат петнаесетина минути.
Работната маса на која ќе сукате премачкајте ја со масло. Секое топче расучете го во должина што повеќе можите. Завиткајте го во ролат, а служете се со рацете да го издолжите.
Наредете ги на плехот, премачкајте ги со јајце и наросете ги со сол.
Првиот плех јас го ставив во ладна рерна и ја вклучив на 200 степени, а ги печев се додека не добија убава румена боја.
За тоа време и кифлите од другиот плех ќе стасаат.
Одлични се, меки, превкусни, прави пекарски кифли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови