Јајцата се матат со шеќерот и ванилата и се ставаат да се варат над пареа околу 25-30 мин.
Се трга од оган, се додава маргаринот и се мати со миксер да се соедини со јајцата.
Потоа се додаваат кикириките, па бисквитите.
Се лади смесата, се премесува и се расплескува врз калап обложен со стреч фолија.
Се премачкува со тофи полнежот, па се наросуваат сецканите кикири.
За глазурата се топи чоколадото со маслото и млекото и се полева врз кикирите.
Се остава да се излади, па се сечи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани