1. Најпрво водата и шеќерот се ставаат на оган, да провријат, па се додава маргаринот сецкан на коцки, се меша додека не се растопи.
2. Се трга од оган и се додаваат мелените кикирики (кога ги мелите, оставете мал дел и на поголеми парчиња, да не бидат сосема сомелени) и бисквити. Се меша убаво да се соедини, па се дели на два дела.
3. Во едната половина се додава рогач, се меша и се става во калап. Одозгора се става белиот дел.
4. Кога малку ќе се стегне се става глазура. Чоколадото се растопува на пареа, заедно со маслото. Се посипува врз бајадерата, па одозгора се ставаат сецкани кикирики.

Забелешка - наместо рогач може да се стави какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови