Свеж ананас ми е омилено овошје.
Па ова утринско смути е мојот денешен предлог, за убав почеток на денот

Во ладната вода ги ставаме чиа семките да одстојат од 20-30 минути.
Во нутрибулет ги ставаме излупениот ананас и лимонот.
Миксаме до изедначување на состојките.
Потоа во садот ги додаваме потопените чиа семки заедно со водата, промешуваме и сервираме во две чаши.
По желба може да се додаде мраз, ливчиња мента, засладувач- мед, агаве сируп....
Јас воопшто не користам засладувач.
Вака добиеното смути за мене е одличен утрински пијалок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани