Смути со прекрасна боја и вкус, за убав почеток на денот

Цвеклото го лупиме и сецкаме на коцки.
Јаболката ако се непрскани не ги лупиме, само ги сецкаме на коцки.
Во нутрибулет ги ставаме цвеклото, јаболката, зрната грозје, некоја капака лимон, 1 коцка мраз и 100 мл ладна вода.
Соединуваме.
По желба дотураме уште вода, зависи која густина сме ја добиле и колку густо сакаме да ни биде.
сервираме во 2 чаши, ставаме коцки мраз и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани