1. Добро се мијат црешите, се цедат и се вадат семките. Ичистените цреши ги ставам во најлонска кеса за да не потемнат. Не ставам никогаш ниту лимонтус, ниту нешто друго за да останат бели и никогаш не варам повеќе од 3кг за да не поцрнат.
2. Кога ќе ги исчистам повеќе од пола го ставам шеќерот и водата да се варат (вода колку да се натопи шеќерот). Никако не треба да има многу вода. Кога ќе се згусне малку шеќерот се ставаат црешите и се варат на силен оган. Се сече 1 лимон и 1ванила (не мора) и се става во слаткото пред самиот крај. Варено е слаткото кога капе од лажицата во две капки. Се трга од шпорет и се покрива со влажна крпа.
3. После 15 мин го вратив слаткото да повари уште 5 мин.и пак го покривам со влажна крпа. Се собира другиот ден.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани