Во еден сад ги соединуваме урдата, јајцата, шеќерот, прашакот за пудинг, киселата павлака,гризот, брусницата.
Оставаме на страна.
Во друг сад ги соединуваме јајцата, шеќерот, ванилата, јогуртот, брашното, пецивото, маслото.
Корите ги делиме на 3-4 дела.
Да имаме по 4 кори кори за еден ролат.
Земаме прва кора и со четка ја премачкуваме со смесата со јајца и јогурт.
Врз неа ставаме втора кора и неа ја премачкуваме со смеса.
Ставаме трета кора и неа ја премачкуваме со смесата.
Ставаме четврта кора.
Врз неа ставаме од филот со урда.
Завиткуваме ролат.
Постапката е иста се додека не се потрошат сосстојките.
Јас два ролати направив само со целосен фил со брусница, а на двата други ставав и свежи капини.
Одозгора со четка ги премачкуваме со остатаок на смесата.
Посипуваме кафен шеќер.
Печиме во загрена релна на 200 с околу 30 минути.
Оставаме да се изладат, па сечеме на парчиња и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани