Во вангличка го ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно и млакото млеко.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличката ставаме ванила, сол, масло ,половина јајце и морско оревче.
Промешуваме и ги додаваме двата вида на брашно.
Замесуваме мазно, нелепливо тесто, кое го покриваме и оставаме да се дуплира.
Потоа од втасаното тесто сучиме правоаголна кора.
Прво ја премачкуваме со мармалад од кајсии.
Потоа расфрламе мелен орев.
Јас на половина векна ставив и сува брусница.
Завиткуваме во ролат.
Го сечеме ролатот на 10 парчиња со ширина одприлика на 4-5 цм.
Парчињата ролат ги редиме во долгнавест калап, кој е обложен со хартија за печење, исправено.
Премачкуваме со изматено јајце и наросуваме кафен шеќер.
Ја вклучуваме рерната да се загрее на 200 степени, а за тоа време векната повторно ќе втаса.
Печиме околу 30 минути.
Изладената векна ја сечиме на парчиња и послужуваме со поладневно кафе.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани