Освежителна и многу вкусна сладолед торта.
Во 100 мл од млекото се става желатинот да нарасне, а во преостанатото млеко се додава шеќерот и се става да зоврие.
Откога ќе се растопи шеќерот се додава желатниот и се меша додека се растопи. Смесата се става во фрижидер да се излади убаво.
Во изладената смеса се додава шлаг кремот и се мати убаво додека се згусне.
Изматениот шлаг се дели на два дела повеќе да остане жолт дел, а во делот кој што ќе го оставиме помалку ги додаваме капините и матиме со миксер.
Мелените бисквити, путерот и какаото ги месиме со рака и постепено додаваме сок од свеж портокал додека се замеси убаво.
Во калап ставаме најлонска фолија и ја ставаме смесата за подлога со навлажнета рака ја расплескуваме убаво за секаде да биде исто и рамно. Потоа го додаваме белиот дел од сладоледот врз него редиме капини, а врз капините го ставаме и виолетовиот дел израмнуваме убаво и го ставаме во замрзнувач да се стегне (најдобро е преку ноќ).
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови