Превкусен сладолед, без кристали, без потреба од машина за сладолед и без мешање.
Плус без шеќер!

- Во сад во тенџере над пареа ги матиме жолчките заедно со медот, се додека не побелат. Внимавајте водата да не врие премногу за да не се сварат.
Садот го тргаме од оган го додаваме маскарпонето, притоа миксирајки со миксер. Потоа ја додаваме павлаката и зрната од ванилата, миксираме до средно цврст снег.
Смесата ја пренесуваме во соодветен сад и сместуваме во замрзнувач 3-4 часа.
- Пред сервирање сладоледот го вадиме 15 минути надвор за да омекне.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови