Прво исчистете ги црешите од коските.
Излупете ги и исечкајте ги на кругчиња бананите и заедно со црешите ставете ги во ладилник барем 1 час да се оладат.
Потоа изблендирајте ги бананите и црешите додека не добиете убава смеса.
Додадете ги циметот, па шлаг кремот и мешајте ги додека се соединат убаво.
И тогаш имате убав домашен сладолед.
И може да го чувате во ладилник и пред употреба извадете го кратко на собна температура и потоа слободно вадете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани