Комбинацијата на тесто од браунис со сладолед е едноставно совршена!

Многу вкусна и лесна торта, на која нема да можете да и одолеете во летниот период.

1. Стопете го путерот и чоколадото на пареа.
2. Тргнете ги настрана и потоа со постојано матење, додадете ги јајцата едно по едно, како и шеќерот и ванилата.
3. Сувите состојки измешајте ги, се освен оревите и додадете ги во изладената чоколадна смеса, а на крај лесно промешајте ги и оревите.
4. Во тавче за печење бр. 20 се пече тестото за браунис, на 170 степени околу половина час.
5. Оставете ја кората да се олади и во меѓувреме подгответе ги сладоледите.
6. Сладоледите едноставно се подготвуваат со матење и спојување на состојките.
7. Кората се сече за калап бр 18 и обрачот од кора што ќе остане потоа се користи за внатрешноста на тортата.
8. Половна од чоколадниот сладолед се распределува низ тортата. Потоа остатокот од кората се наросува низ чоколадниот сладолед, па со белиот прелеваме низ истрошената браунис кора. Убаво израмнуваме.
9. Врз белиот сладолед повторно идеме со слој од чоколаден сладолед и се остава малце од него, за декорација.
10. Оставете ја сладолед браунис тортата убаво да се излади и потоа насладете се!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови