Овој сладок леб го правиме во строги пости кога постиме без масло. Лебов е вкусен и може да се прави како погача или повеќе мали лебчиња како што е случајот кај мене.
Постапката е многу едноставна.
1. Сите суви состојки се мешаат
2. Се додава водата во која е растворен шеќерот
3. Се замесува тврдо тесто
Тестото се формира како погача или како мали лебчиња.
Тестото се остава да кисни околу половина час (се наросува со сусам ако сакате) во плех покриен со хартија за печење.
Лебчињата се печат околу 20 мин на 200 степени.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови