Ја обожавам комбинацијата на ванила, јаболки и урда.

- Јаболките се лупат, се чистат и сецкаат на коцки, се додава и сувото грозје.
- Се двојат жолчките од белките. Жолчките, медот, млекото и урдата се миксираат со миксер до соединување, се додава и прашокот за пудинг.
- Белките со солта се матат до цврст снег.
- Јаболките се додаваат во смесата со урдата, се меша до еднолична смеса и на крај внимателно се вмешува снегот од белки.
- Се пече 40 минути на 180 Ц.

Напомена
Понекогаш наместо 5 лажици прашок за пудинг ставам 2 и 3 лажици протеински прашок, доколку некој сака поголема количина на протеини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови