Шолјите се од оние малите за кафе, излегуваат доста колачиња, ова е пола доза.
Се матат пенесто јајцата со шеќерот, а потоа се додаваат и останатите состојки.
Со мало лажиче на сува тава ставаме од смесата и формираме кругчиња.
Колачите се печат на 200 степени 5 минути.
За филот, ги рендаме јаболката и со миксер матиме заедно со путерот од кикирики и ванилиниот шеќер. Додека се сеуште топли ги премачкуваме со филот и формираме сендвичиња. По желба може да ги попрскате со шеќер во прав.
Дел од колачињата ги направив со мармалад од шипка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови