Во загреаното сало најпрво запржете го месото, исечено на коцкички.
Извадете го, ставете го во земјената тава во која ќе печите и во истата маснотија ставете го кромидот и лукот (цели чешниња), па и него запржете го десетина минути.
Извадете го кромидот и ставете го кај месото.
Истата постапка направете ја и со сувите пиперки и печурките.
Измешајте ги сите состојки, зачинете по вкус, турете го виното и водата, покријте ја со капак тавата, ако нема тогаш со фолија и ставете да се пече на 180 степени, отприлика 2 часа.
Во текот на печењето, јас еднаш до два пати ја отворам тавата, малку ги промешувам состојките и продолжуваме со печење.
Кој јаде луто, може да стави некоја сува, везена пиперка, ќе биде уште повкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови