Малку поинаков начин да се подготви свинско месо. Прекрасно јадење и одлична идеја за ручек. Можи да се комбинира со пире или со ориз.

Подготовка

Исчукајте го свинското месо со чекан за месо, исечкајте го на парчиња, втријте мешан сув зачин и секое парче месо извалкајте го во брашно.
Испржете го месото од двете страни и тргнете го на страна.
Во истото тавче ставете ја водата, виното, доматниот сос и сите зачини, нека зовријат и додадете ги исечканите краставички и јајца.
Вратете го месото назад и нека поварат заедно 10тина минути.

Јас го користев тавчето со 2 рачки од делимано со стаклен капак.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови