- На тивок оган ставете со врв полни лажици путер да се стопи и загрее заедно со исецканиот лук. Нека се пржи кратко време да се појави кафеава трага. Ставете ги парчињата месо кое сте ги посолиле, нека се пржат цело време на тивок оган. Пржете ги од двете страни, но внимавајте да не го препржите.
- Кога е пржено извадете го месото во тањир и покријте со фолија за да остане топло.
- Во истата мрснотија доадете ги исечканите шампињони, веднаш посиепе со половина од ориганото и мајчината душичка. Додадете го брашното, продолжете да мешате за да се испржи брашното. Залијте со млекото чија количина ќе зависи од густината која сакате да ја имате за сосот. Додадете ги останатиот дел од зачинките, додадете го биберот, измешајте, додадете го веднаш и прженото месо, нека крчка на тивко околу 5-6 мин и тргнете од огнот. Ручекот е готов.
Послужете со ориз, пире, а ништо не му фали и да си е засебен ручек.
Превкусно е.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани