Вкуснооо....Рецептов го посветувам на наше Лудо!
Мевцево е милина, свинчево растено во планина, на чист воздух, со здрава храна!
Лудо наше, „бутоинава“ за мерак, ти благодарам што постоиш!!!

Подготовка
Месото го зачинуваме, посолуваме, го премачуваме со сенф и го потопуваме во пиво. Најдобро е маринадата да ја направиме од вечер и така да стои месото цела ноќ па утредента да го печеме. Но, доколку не сте во можност, направете го барем 1-2 часа пред печење.
Пред печење го премачкуваме со свинска маст или пак со масло.
Ставете го месото во соодветен сад со капак, а ако немате капак покријте го со алуминиумска фолија. Печете го на 170 степени околу еден час, потоа превртете го и пак печете го покриено околу 1 час. Извадете ја фолијата и оставете го да се зацрвени малку, да фати коричка.

Забелешка
Ако мислите дека ви е големо парчето и ќе се собере при готвење, пресечете го на две половини.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани