Тесто
- Од сите состојки се прави пандишпанот. Се печи во загреана рерна на 180С-15мин. Се сечи тестото на три еднакви делови.

Фил
- Во сад се додава 100мл млеко и се мешаат жолчките, ванилите, нишестето и брашното. Сето ова се вари во 400мл млеко исто како пудинг. Се лади.
Посебно се мати маргаринот и шеќерот во прав и потоа се мешаат со состојките од млекото и жолчки.
Подготовка
- Во длабок долг сад за штрудла се става најлонска фолија. Потоа се реди едниот дел од тесто, се додава 4 лажици фил и се реди на долго банани. Потоа се става второто тесто, па фил и вишни и најгоре третото тесто. Одозгора се става шлаг или чоколадна глазура.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани