Многу вкусни, декоративни коцки.
Топло ви ги препорачувам да ги подготвите.

Во една вангличка ги ставаме белките.
Ги матиме во цврст шам.
Во друг сад ги соединуваме жолчките, солта, киселата павлака и ајварот.
Внимателно, со лесни движења ги соединуваме белките, смесата со жолчки, брашното, пецивото.
Смесата ја истураме во правоаголна тава , која сме ја обложиле со хартија за печење.
Одозгора попрскуваме малку сусам.
Печиме околу 15 минути. Во рерната во еден мал сад го ставаме и сусамот малку да се потпечи, да биде ароматичен.
Испеченото и изладено тесто го делиме на половина.
Во еден сад ги соединуваме сите состојки за филот.
На даска за колачи ја ставаме првата кора и го нанесуваме филот.
Поклопуваме со втората половина на испеченото тесто.
Нежно притискаме.
( филот може да се подели на два дела и со втората половина да се премачка и втората кора)
Оставаме на ладно еден час, убаво да се стегни солениот колач.
Потоа го сечиме на коцки.
Земаме во раката по една коцка, сите 4 страни ги премачкуваме со кисела павлака и веднаш ги налепуваме со потпечениот сусам.
Ги редиме на послужавник.
Декорацијата ја завршуваме со кисела павлака и магдонос.
Забелешка - пишав од 8-9 лажици брашно, а тоа е во зависност од густината на ајварот кој се користи.
Домашните ајвари се погусти, од колку купечките.
Па вие сами одлучете која количина на брашно ќе ја ставите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани