Кога излегува сезона на млади тиквички, многу често ја приготвувам оваа салата. Едноставна е, освежителна и пред се многу вкусна.
Најпрво, тиквичката излупете ја, па исечете ја на кругови. Наредете ги круговите на даска за сечење, па посолете ги со сол, мешан сув зачин, мелен црн бибер и црвен пипер, од двете страни. Оставете ги така да постојат околу 15тина минути, а потоа на грил тава и многу малку масло, прежете ги тиквичките до омекнување.
Во друг сад, измешајте ги павлаката, мајонезот, оцетот и маслото, па додајте го ситно сецканото лукче. Откако тиквичките ќе се изладат, исецкајте ги на долги лентички и додајте ги во смесата од павлака и мајонез.
Оревите и индиските оревчиња, запечете ги кратко на тефлонска тава, исецкајте ги, па додајте ги во салатата. Посолете по вкус и наросете мелен црн бибер.
Оставете ја салатата некое време во фрижидер, па послужете ја.
Мојата одеше во комбинација со похувани филети од риба.
Јас имав индиски ореви, па затоа ги додадов во салата, вие доколку немате, можете да додадете само ореви.
Од горе, наросете со свеж или сушен магдонос
Оваа доза се однесува, на едно тањирче салата.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови