Подготовка
- Во сад измешајте го крем сирењето заедно со урдата, посолете и ставете бибер по ваш вкус, додадете го и сокот од лимон, за да на крај ги доадете исечканата тиквичка, ротквицата, власецот и кресот. Измешајте, одложете за 1 час во фрижидер да се спојат вкусовите...
Чудно освежителна салата, а зачинката Крес го прави финишот на вкусот додавајки му и една свежа пикантност.
Со Кресот се сретнувам за прв пат.. знаејки дека сакам зачинки, ми донесоа семе и се чудев многу време... но затоа тука е пак чичко Гогле кој ме поблизу запозна со овој зачин. Тој вели дека е ова салата која вришти (пикантен вкус има),била лековита, дека го отклонува заморот, се користела при проблемите на дишните патишта (астма). Некаде ја нарекувале грбица или грба, драгуљица или драгошац - мене тоа веднаш ме асоцираше на нашиот драгољуб цвекето кое може да се користи во салати и од истиот правам и масло и оцет -баш ми има така опорит вкус. Кресот се користел и додавајки во супите, сосевите, и салатите токму заради заради посебниот вкус кој навистина заедно со роткивцата и тиквичката одлично се вклопи.
Интересно за Кресот е тоа што е брзоратечка, неверојатно бргу расте, се сее преку целата година дали во саксија, на памук или салфета, се исто е, бргу расте и се корси целото стебло од неа додека не почнала да формира цвет. На дополнителната фотографија можете да погледнете, но веќе пред цветање е.
Темата е тиквичката, но ценев дека морам да објаснам повеќе за кресот сметајки на тоа дека не е многу познат како зачин, односно дека не не има многу кој знаеме за Кресот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани