ВКусна салата, која може да послужи и како цел оброк.
Тиквичките ги сечиме на кругови, ги посолуваме и ги ставаме малку да се исцедат од водата. Ги премачкуваме со малку масло и ги редиме во плех врз харитја за печење. Печеме во загреана рерна на 180 степени, околу 20 минути.
Може по желба и да ги испржите, но тогаш не додавајте масло дополнително.
Печените тиквички, ги прелеваме со масло,оцет, ставаме сечкан лук, па одозгора ставаме павлака, сирење и магдонос.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови