Салата е и комплетна замена за ручек.
За преливот, најпрво се лупи авокадото и се пасира со виљушка. Потоа, се додаваат киселата павлака и мајонезот. Се меша со жица за матење, па се додаваат и маслото и оцетот. Се посолува по вкус и наросува мелен црн бибер.
Марулата, доматите, краставицата, кромидот и јајцата се сецкаат. Во чинија за салата, најдоле се распоредува марулата. Врз марулата се реди краставица, домат, јајца и кромид. Се посолува, а потоа, врз нив се распоредува од преливот. Потоа, врз преливот се истура преостаната марула, па врз неа повторно се распоредува од краставицата, доматот, кромидот и јајцата. На средината се истура преостанатиот прелив. Од страните се распоредува туната. По желба, се додаваат и неколку маслинки.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови