1. Модриот патлиџан се пече, се лупи и се сечка на ситни парченца или се толчи. Се зачинува со сол, бибер, маслиново масло, лук и сенф. Убаво се меша и се става на дното на чинија за сервирање.
2. Врз него се ставаат печените црвени пиперки, претходно излупени и цепкани.
3. За преливот се мешаат маслото, лимоновиот сок и циметот и се посипува врз салатата.
4. Се попрскува со сирупот од калинка, оревите, магдоносот и семки од калинка и се служи со топло, потпечено лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани