- Коморачот добро исчисте се сече на тенки ленти - кругови.
- Портокалот излупете, исечете на кругови, а потоа во помали парчиња
- На тањир редете го исечениот коморач наизменично со парчињата со портокал.
- Посолете и посипете со бибер (бибер потребно е овде повеќе да се стави)
- На ред е да се ставаи сувата брусница и сецканите фастаци.
- Овкусете со маслиново масло по ваш сопствен вкус.
Уживајте во слатко - солено - киселиот вкус.

- Овде кај нас во мојата регија некој го нарекуваат Морач, некој Анис... а јас си го знам како Коморач...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани