- Одмерената киноа добро ја измијте во неколку води за да се одстрани горчливоста.
- Одмерете водата која треба да биде во соодност на киноата, една мерка киноа - три мерки вода, значи 3:1.
Во водата додадете малку сол, нека зоврие, додадете ја киноата и оставете да се свари. (како ориз кога се вари)
Сварена тргнете настрана и оставете да олади.
- Додека да олади вие исецкајте ги кајсиите и бадемите кои претходно малку сте ги препекле.
Прелив
- Измешајте го сокот од лимонот или оцетот, маслото, сецканите бадеми, биберот.
- Ситно исецканата марула ставете ја во подлабок сад, прелијте со преливот, измешајте, додадете ги бадемот и кајсиите, лесно измешајте - може да ја ставите во фрижидер да олади или пак веднаш сервирајте ја.
ПЕРЛИ
Се забележуваат на фотографијата црвени перли, тоа јас малку си играв и ги направив така што во сад ставив масло во замрзнувачот да се добро олади. Одвечер го ставив маслото - наредниот ден го користев.
- 1 паковање желатин го спремив според упатството. Земав дел од саламурата на цвеклото спремано во тегла за зимница. Ја загреав и во неа потоа го растопив веќе набабрениот желатин. Почекав да се растопи. Го полнев шприцот за инекции кој си го купив од аптека, истискував во многу ладното масло - се формираа перли. Потоа го прецедив маслото, самите перли ги ставав во цедалка и малку залив со ладна вода. Вака добиените перли ги користев и во оваа салата... значи перли од цвекло.
Совет
- Наместо киноа можете да користите булгур или ориз. Наместо марула, многу е добра оваа салата со магдонос... немав доволно количински, инаку ќе ја правев со магдонос.
- Перлите можете да ги спремате од што сакате зависно за каде ви требаат. Имам пријателка која прави млечни перли и со нив си ги декорира тортите - најлесно така било вели таа. Можете да ги прави со сок, со ацето балзамико... значи зависно за што сакате да ги користите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани