Изненадувачки вкусна салата. Замислата ми беше да се касне нешто здраво, лесно и посно без многу подготовки, а по него да не се чувствува глад.

Подготовка
Марулата ја миеме и ја сечеме на парчиња по желба. Гравот го цедиме и го миеме.
Авокадото го сечеме на половина, ја вадиме семката и го лупиме. Го сечкаме на парченца по желба, а и лукчето го сечкаме. Сите состојки ги ставаме во еден сад и ги залеваме со подготвениот прелив, па промешуваме.
За преливот сите состојки ги мешаме во еден сад. Можете и доколку сакате прво да ја посолите салатата па да ја прелиете.

Забелешка
Јас ќе ја подготвам салатата па преливот го ставам посебно и кој колку си сака си става по вкус во неговиот дел од салатата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани