Најпрвин се подготвува кус кусот
- Водата во која се става маслото и солта треба да зоврие. Се додава кус кусот и се остава 2 минути да ја впие течноста и да набабри. Се додава маргаринот, се меша и се става во сад за салата.
- Маслиновото масло и буковската пипер која според вкусот ќе си одберете дали ќе е лута или блага, се загреваат малку но маслото да не зоврие.
- Се додаваат црвените пиперки кои претходно се печени, излупени, исцедени и исцепкани на ленти. Се меша да се соединат со маслото и буковката и се ставаат во садот со подготвениот кус кус.
- Се додава лимоновиот сок, ситно исечканиот црвен кромид и магдоносот, се меша сето додавајќи сол според сопствениот вкус.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани