Припрема
- Наутот сварете според рецепт кој овде стои - а најлесно да си купите конзервиран, јас веќе не варам.
- Направете го дресингот од маслото, солта и сокот од лимонот, додадете магдоносот.
- Исецкајте го пилешкото месо
- Сварете и исецкајте или изрендајте го морковот - ваш избор.
- Спојте ги измиениот и прецедениот наут, месото и морковот, залијте со дресингот.

Пробајте - доовкусете по ваш вкус, јас секогаш додавам малку повеќе сол и лимонов сок.
Оваа салата е одличен оброк, а некако ми се чини и корисна бидејки секогаш ја правам кога ќе ми остане од печено пиле или кога спремам ориз тава.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани