- Измиената зелена салата ставете ја во многу ладна вода да одстои околу 20 мин. Ова се прави за да стане цврста и крцкава. Извадете и оставете во цедалка да се добро исцеди.
- Доматот исецкатејте го како ви е желба.
- Ставете на тањир прво миксот од зелена салата, потоа исечканиот домат 
- Во сад ставете оцетот, маслото, солта и шеќерот, бркајте додека стане хомогено. Потоа додадете го истолченото или преку преса стиснато чешне лук. Вака приготвениот прелив прелијте го преку салатата.
- Ставете на сува тава коцки од леб и на тивок оган потпечете го, за кратко тргнете од огнот, стиснете преку него другото чешне лу, вратете на огнот тавата и пробркувајте како би се добро спои вкусот на лукот со лебот.
- Пропечените коцки леб ставете преку салатата.
- Одозгора ставете варено јаце едно, две или три кое ќе го исечете на половина, но знам дека поширано е подобро затоа и предлагам да доколку одлучите да ја спремите - ставете поширано јајце.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани