Лесен, посен и едноставен колач кој плени со својот вкус.
1. Сусамот прво го ставаме во тавче и го пржиме на тивок оган без масло. Го оставаме да олади.
2. Во друг сад полека го топиме медот, шеќерот, маргаринот и чоколадото.
3. Се додава сусамот и мелените бисквити.
4. Триаголниот лим се обложува со прозирна фолија и се става смесата во него да се олади и стегне.
5. Се вади фолијата и се служи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани