Во топлото млеко додадете сув квасец, шеќер, сол и промешајте.
Во еден сад ставете брашно, едно јајце, додадете го млекото со квасец и замесете тесто. Оставете го да нарасне.
Јаболкото пресечете го на половина и сечете го на ситни ленти.
Стасаното тесто рассукајте го не многу тенко, посипете со шеќер, ванила и цимет. Тестото сечете го на ленти, на секоја лента ставете јаболка и завиткајте во форма на ружа. Така направете со останато тесто.
Наредете ги ружите на намрсена тава и ги премачкајте ги со јајце.
Ставете да се печат на 200 степени додека не заруменат (зависи од рерната)
Готовите ружи посипете ги со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани