Медот, шеќерот, маргаринот и чоколадото се постојано мешање се топат на рингла.
Кога се ќе се стопи и спои се трга од рингла, се додава ванилата и се остава да олади.

Измешајте ги сувите состојки и додадете ја изладената смеса. Замесете глатко тесто.

Тестото развлечете го со дебелина од пола см и со калап за џинџербред колачи исечете форми.

Наредете ги во плех обложен со пек хартија, премачкајте ги со млекото и печете ги во загреана рерна на 180С околу 8 минути.

Изматете ја белката со миксер и потоа постепено додавајте го со мешање шеќерот и сокот од лимон. Количината шеќер зависи од големината на белката и колку таа ќе прими, па после 200 гр додавајте по проценка, додека не стани густа, да не се разлева лесно на лажицата. Додадете ја посакуваната нијанса на боја и измешајте.

Превртете ги колачињата на главечки и со глазурата исцртајте како на сликите.
Стопете го чоколадото и исцртајте го делот кој гледате со него.
Носето можи да се црвени перли или црвени бони топ, кои ќе ги ставате веднаш откако ќе ја нанесите шеќерната глазура за да залепи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани