Состојките за бомбици убаво се месат, се прават бомбици и се ставаат во замрзнувач да зацврстат. Јас имав пакетче готови марципан бомбици и само за дел (по рабовите) направив бомбици од чист марципан.

Се мати маргаринот со шеќерот, па едно по едно се додаваат јајцата, при што секое се мати барем половина минута. Потоа се додава павлаката и на крај брашното и пецивото.

Смесата се дели на два дела и во едниот се додава какаото и млекото.

Во намастена тава 30х20 се става белиот дел, а врз него темниот. За да не се мешаат, темниот ставете го со шприц или засечена најлон кеса рамномерно врз белиот.
Одозгора се втиснуваат марципан бомбиците.
Се печи половина час на 170С.

Се топи чоколадото и се остава колку се можи да излади, а да остани течно.
Во стопеното топло чоколадо се додава претходно набабрениот желатин и се меша да се спои и стопи со него. Јас не додадов желатин. Веројатно зависи и од самите состојки дали ќе е потребен, а кај мене беше се солидно за цврстина и без него.
Се мати слатката павлака цврсто, се додава киселата и на крај изладеното стопено чоколадо.

Печениот изладен кекс се премачкува со кремот одозгора. Се украсува по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови